Славната актерка поминала низ пекол: „Татко ми и јас заедно земавме кокаин“
Шокантно признание
Актерката Џејми Ли Кертис во интервјуто за магазинот Variety отворено зборува за својата борба со зависноста, а јавноста ја шокира со признанието дека одредено време се дрогирала со својот татко, актерот Тони Кертис.
Знаев дека татко ми има проблеми, но имав и јас, па ја делевме дрогата. Имаше периоди кога јас бев единственото дете што сакаше да зборува со него. Имав шест браќа и сестри, а сега имам пет. Мојот брат Николас почина од предозирање со хероин кога имаше само 21 година“, раскажа актерка.
Како што призна, со татка си делела кокаин.
Тоа беше единствениот пат да земам кокаин и се случи со него. Тој беше чист некое време, околу три години се трудеше да се одвикне, но не успеа“, раскажа Џејми.
Тони почина во 2010 година од срцев удар на 85-годишна возраст, а Џејми се дрогирала со таблети против болки цели 10 години.
Фото: Инстаграм