Раперот во центарот на скандал: Во врска е со 27 години помлада манекенка која била девојка на син му!

Шокантно!

Оваа врска е главна тема во светските таблоиди, а раперот и манекенката се’ уште не се огласиле

Шон Комбс, попознат како Паф Деди (49) е во жариштето на скандалите, со оглед на шпекулациите дека е во врска со Лори Харви (22), која е поранешна девојка на син му.

Наследникот на Диди некогаш бил во врска со убавата бринета, а сега изгледа му ја препуштил на татко му.

Мајката на Лори е омажена за познатиот американски комичар и водител Стив Харви.

За тоа колку оваа тема стана актуелна последниве два дена говори и податокот дека името Лори Харви е прво во трендинг на социјалната мрежа на Твитер, каде што корисниците масовно се шегуваат на сметка на нејзината врска со раперот. Парот бил и фотографиран на заедничка прошетка, за која ги синхронизирале модните комбинации.

Паф Деди во минатото успеал да заведе многу убавици, меѓу кои секако најпозната е дивата Џенифер Лопез со која бил во врска од 1999 до 2001 година, кога пејачката го оставила и се омажила за кореографот Крис Џад.

Но останале во пријателски односи, па сите американски медиуми често ги гледале заедно во јавност, а раперот секогаш убаво зборувал за поранешната девојка.

„Нејзиниот талент, одлучност… Таа никогаш нема да се откаже. Џенифер е моја голема пријателка и тоа засекогаш ќе биде така“, изјавил Диди во една прилика.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.