Првото службено појавување на Меган во 2020 предизвикало лавина критики: „Невкусно, престани да го правиш ова!“

Блам!

Штом се вратила од одмор, војвотката од Сасекс се соочила со голем број замерки од корисниците на социјалните мрежи

Меган Маркл и принц Хари им се вратиле на службените должности, а нивното прво појавување оваа година, по годишниот одмор долг еден и ппол месец, била посетата на Канадската куќа во Лондон.

Војвотката од Сасекс за оваа прилика одбрала комбинација на бои што многу жени вешто ги одбегнуваат, а медиумите ја нарекле „50 нијанси кафеава“.

https://www.instagram.com/p/B7FcQcjnIyn/

Иако сме навикнати да ја гледаме во скапа брендирана гардероба, овој пат направила преседан и посегнала по уличниот тренд на помалку познати и поевтини парчиња облека. На едноставните здолниште и капут сепак им дала доза елеганција и гламур со изборот на салонки со потпис на малезискиот моден дизајнер Џими Чу.

Многумина сепак ја забележале малата незгода што и’ се случила. Очигледно нервозна поради појавување во јавност, Меган се испотила, а под пазувите и’ се направила дамка.

https://www.instagram.com/p/B7GGo0UBqdg/

Критиките на нејзина сметка се појавиле на социјалните мрежи со забелешката дека тоа никако не смеела да си го дозволи себеси, со оглед на тоа дека е принцеза.

„Некој нека и’ купи дезодоранс. Требала да облече нешто на кое не би се познавале тие дамки“, коментираат Британците.

https://www.instagram.com/p/B7GGEzNIgT7/

Некои и’ замериле и за тоа што скапиот капут го префрлила врз рацете.

„Зошто така го носи капутот? Дали некогаш сте ја виделе кралицата или Кејт така да ги носат своите капути? Невкусно“, пишувале.

https://www.instagram.com/p/B7GGeAJFcyk/

Но корисниците на социјалните мрежи не ја критикувале само нејзината гардероба, туку замерка и’ нашле и на косата. Имено, и’ префрлиле дека треба да оди на фризер, бидејќи косата и’ била значително оштетена.

„Престани постојано да ја допираш таа коса“, пишувале други.

https://www.instagram.com/p/B7GDYqZHdEC/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.