ПРОФЕМИНА 2022: Чуварките на мудроста ни ги споделија нивните искуства и совети на 6-та панел-дискусија!

Шестиот панел на „Профемина 2022“ беше насловен „Чувари на мудроста“, а поддржан беше од „Халк Банка“.

Зрелоста и искуството се благослови полни со лекции кои помагаат секој нов период од животот да биде подобар. Нашите инспиративни соговорнички ни го пренесуваат личниот животен пат: своите најголеми успеси, грешки, избори и лекции кои вреди да бидат пренесени.

Модератор на оваа поучна панел-дискусија беше познатата водителка Ведрана Ѓорѓевиќ.

Нејзини соговорнички беа: Лилјана Дамовска,  поранешна уредничка во „Дневник“, како и главна уредничка на магагазинот „Теа Модерна“. Потоа гостинка беше и Славица Божиновска, доајенка на македонското спикерство. Тука беше и Бедиа Беговска, еатна Турскиот театар и на македонското глумиште, Гордана Зафировиќ – сертифициран терапевт и предавач и фенг-шуи консултант, и универзитеткската професорка Виолета Ачковска.

Она што ги поврзува сите соговорнички е тоа што сите од нив оставија белег восвоите професии и денеска уживаат во пензионерските денови.

Со оглед на возраста, ние сме чуварки на мудроста. Се надевам дека оваа дискусија е место каде што ќе можеме  да споделиме нешто мудро, истакна Лилјана Дамовска.

Јас не се чуствувам како пензионерка,  почна Славица Божиновска, продолжувајќи:

Навистина сум горда на мојата кариера, работев на многу телевизиски проекти. Кога работиш долго време и читаш многу текстстови, знаеш и да напишеш. Читањето текстови не е лесно, треба да знаеш како да прочиташ, вели Божиновска.

Јас сум во пензија долго време, уште во 2008 година почнав да се подготвувам психилошки. Одењето во пензија знаеме дека е депресивно. Се запишав на курс по ликовно и можам да се пофалам дека добро цртам. Кога се пензионирав, започнав да планинарам, да одам на курс по руски јазик, одам на претстави, одам во хор. Мудроста доаѓа со годините, тоа е факт – истакна Бедиа Беговска.

За разлика од моите колеги кои имаа трауми кога одеа во пензија, со мене не беше таков случај. Првпат во животот имав време за себе, за поезија, и сега, верувајте, уживам во тие денови кога немам никакви обврски и со љубов пишувам – рече Виолета Ачковска.

Му благодарам на Господ, јас имам убави пензионерски денови, фамилијата ми е тука и јас навистина уживам – се надоврза Гордана Зарифовиќ.

Панелот беше заокружен со вреден совет на секоја чуварка на мудроста, а сите пет не го криеја задоволството што се заедно на сцената на регионалната конференција за жени ,,Профемина 2022″.

Ви благодарам за поканата да учествувам тука. И не заборавајте, важни се луѓето, како што вели и самиот слоган на Халк Банка. Навистина е така, заклучи госпоѓа Бедиа.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.