Профемина 2022: „Маж без жена нема успех, бидејќи мажите сакаат да се докажуваат пред жените“ – вели Латас!

Највозбудливиот панел!

Заврши и седмиот и последен панел на „Профемина 2022“. Овој панел беше очекуван со нетрпение од посетителите, затоа што во него учествуваа мошне интересни господа…

Дали тие знаат што сакаат жените? Дали воопшто може да се генерализира машкиот поглед на жените? Дали навидум различните господа делат слични ставови во перципирањето на женскиот ум и емоции? Кога станува збор за нивниот поглед на телото, нештата ни се горе-долу јасни, или можеби грешиме?

Водителка на овој невообичаен панел за една женска конференција беше Татјана Пуленџовска, чии соговорници и’ беа: новинарот Драган Павловиќ – Латас, баритонот Павле Камиловски, новинарот и ТВ-водител Златко Андоновски и артистот Давид Мука.

Господата дискутираа „дали знаат што сакаат жените“, а секој од нив кажа по неколку интересни ставови.

Жената е извор на наша најголема љубов. А, што сака таа? Некогаш ни самата не може да каже. Не е наше да ги истражуваме нејзините моментални желби и пориви, наше е да ги разбереме нејзините чувства, започна Павле Камиловски.

Тешко кој може да одговори на тоа што сакаат жените. Веројатно, емотивнтите стандарди кои сакаат да ги постигнат од нивниот маж, смета Златко Андоновски.

Жената од куќата прави дом, од намирниците вечера, од опасност безбездност. Ако општеството им даде повеќе шанса на жените, односно, да бидат лидери, ќе биде подобро за сите нас, вака размислува Давид Мука.

Жена е инспирација за мажот. Јас стојам зад тоа, секој маж сака да и’ се докаже на една жена, дали е тоа девојка, љубовница, мајка, поранешна жена… Маж без жена нема успех, бидејќи мажите сакаат да се докажуваат пред жените, истакна Драган Павловиќ – Латас.

Целата дискусија беше придружена со аплауз и воодушевување кај публиката, на која дефинитивно и’ се допаднаа излагањата на овие успешни и духовити господа, кои искрено и без воздршки се обидоа да го одгатнат прашањето, кое воедно е и мотото на регионалната конференција за жени ,,Профемина” – што сакаат жените?

Меѓу другото, жените ги сакаат и нив, мажите, нели?

На крајот од овој седми и последен панел беа извлечени последните добитнии од лотаријата, кои добија многу вредни подароци, меѓу кои и златен накит од „Адор Голд“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.