Принцот Чарлс сака да се смири со Меган и Хари: Многу му недостигале внуците!

Хари тврди дека има само еден проблем …

Принцот Чарлс одлучил да се смири со својот син Хари со тоа што ќе го покани неговото семејство да остане со него следниот пат кога ќе ја посетат Англија.

Принцот од Велс изрази силна желба да поминува време со своите внуци, бидејќи Арчи не го видел од кога имал шест месеци и никогаш не ја запознал ќерката на неговиот син Хари и сопругата Меган Маркл, Лилибет Дијана.

Планот на Чарлс можеби нема да се оствари бидејќи Хари сугерираше дека враќањето би било преголем ризик поради неговата безбедносна ситуација.

Имено, Хари тврди дека не може да се врати дома откако му е одземено правото на лична заштита што го имаат членовите на кралското семејство по напуштањето на кралското семејство.

Се сметаше дека Хари и Меган дефинитивно ќе се потрудат и ќе присуствуваат на настаните за прослава на платинестиот јубилеј на кралицата во јуни.

Се верува дека Хари им рекол на членовите на семејството дека ќе присуствува на комеморацијата за неговиот покоен дедо, принцот Филип, во Вестминстерската палата, закажана за април.

Хари решил да ја тужи британската влада, па поднел барање за судско преиспитување на одлуката, поради што би можел да се најде на суд.

Според извори блиски до семејството, принцот Чарлс одржал неколку добродушни и пријатни видео повици со својот син, Меган и децата во последните неколку месеци.

– Принцот од Велс беше тажен што немаше можност да поминува време со своите внуци, кои навистина му недостигаат – изјавија извори блиски до семејството.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.