ЅИРНЕТЕ ВНАТРЕ: Пејачката ја продава својата луксузна вила поради расправија со соседот (ВИДЕО)

Раскошно

Проблеми во рајот…

Раперката Иги Азилија ја продава својата вила во Лос Анџелес за нешто повеќе од 6,2 милиони долари. Нејзината желба да го продаде имотот е мотивирана од спорот со еден од нејзините соседи, кој се спротивставил на реновирањето што го планирала Иги, пишуваат американските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Iggy Azalea (@thenewclassic)

„Хиден хилс“ е населба на познатите во предградие на Лос Анџелес, каде што живеат некои големи светски ѕвезди, на пример, Ким Кардашијан, пејачот Џастин Бибер, актерот Вил Смит и раперот Дрејк.

Куќата на Иги Азилија е изградена во стил на ранч. Изработена е од дрво и тули, а на имотот има и голема куќа за гости.

Главната вила има 5 спални соби и 5 бањи и пространа кујна. Главната спална соба има гардеробер и бања со голема када.

Има уште 3 спални соби и работна соба.

Куќата за гости располага со 1 спална и 1 бања и комплетна кујна. Горе се поткровје, вежбалница и канцеларија. Надвор има прекрасен камен базен и џакузи, спортски терен и гаража за 4 автомобили.

Иги планирала да го реновира имотот и да ја сруши гостинската куќа за да изгради огромна вила, но тоа му пречело на нејзиниот сосед кој живее во близина, па затоа Иги, според американските медиуми, била во судски спорт со него минатата година.

Наводно, поради тоа одлучила да го продаде имотот.

Фото: Инстаграм

Видео: Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.