Побогата е од кралицата Елизабета, а поради љубовта се откажала од сè: Животот на оваа русокоса со години ја интригира јавноста!
Родена под среќна ѕвезда
Животна приказна како од бајка
Мери Шантал Милер била една од главните ѕвезди на неодамна одржаната црковна венчавка на Филипос и Нина во Атина, а еве која е всушност русокосата што со години ја интригира јавноста.
Таа му е ќерка на американскиот магнат Роберт Милер. Пораснала во семејните куќи во Хонг Конг, Париз, Лондон, Њујорк, Гштад и Јоркшир. Патувала низ светот од мали нозе и учела во најдобрите приватни школи. Поради животот на висока нога, добила и прекар – Њујоршката принцеза.
Во Америка во 1993 година го запознала својот сегашен сопруг, принцот Павлос, син на последниот грчки крал Константин Втори и кралицата Ана Марија. Според тврдењата на блиски извори, тие доживеале љубов на прв поглед, а Павлос ја запросил две години подоцна во еден швајцарски ски-центар на Божиќ.
Поради него се откажала од својата римокатоличка вера и станала членка на православната црква, за да можат да се венчаат во катедралата Света Софија во Лондон. Како што самата признала, целосно го променила својот живот поради сопругот, но никогаш не се покајала.
„Новиот живот беше посмирен одошто сум навикната, но би направила сè поради љубов“, рекла таа во една пригода.
Мери Шантал денес ја носи титулата на една од најбогатите жени во Велика Британија, а со имотот што се проценува на 2 милијарди долари, се наоѓа на 12-то место на истата листа, што ја прави побогата и од самата кралица Елизабета.
Таа и принцот Павлос имаат пет деца.