Оваа баба во седмата деценија е кралица на бикините: Девојки на 30 години не изгледаат толку добро!

Еве што јаде и како вежба

Деми Мур изгледа фантастично во бикини додека го прославува Денот на мајките на семеен одмор, позирајќи со својата внука

Деми Мур на својата нова фотографија што ја споделила на Инстаграм позира со својата мала внука покрај базен. Актерката го обележала Денот на мајките во кругот на семејството, успешно извршувајќи ги своите должности на баба. Коментарите експлодирале, со оглед на тоа што оваа баба изгледа неверојатно младолико за своите 60 години.

Нејзината ќерка Румер, што ја добила во бракот со Брус Вилис, минатиот месец и самата се остварила во улогата на мајка со својот дечко Дерек Томас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

На оваа црно-бела фотографија Деми весело се насмевнува заштитнички држејќи ја својата внука. Навистина може да се пофали со својата извајана фигура, која јасно доаѓа до израз во ова бикини.

„Привилегија е да чекорам по овој пат на мајчинството со тебе покрај себе да ме поддржуваш и водиш, тоа е нешто за коешто сум можела само да сонувам“, напишала најстарата ќерка на Деми и Брус, а потоа додала:

„Те сакам мамо. Исполнета сум со толку радост и благодарност. Никогаш во мојот живот не сум била толку среќна.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)


Румер неодамна во едно интервју го опишала своето семејство:

„Толку сме глупави сите ние, и едноставно чудни. Ние сме семејство на чудаци и јас многу го сакам тоа. Навистина се надевам дека таа доза лудост се крие и во ова дете, бидејќи мајка ми го имаше, татко ми го имаше, моите сестри го имаат…“

Имено, Деми едвај чекала да се покаже и во новата улога на баба, бидејќи веќе имала доволно искуство како мајка што пораснала три ќерки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Тајната на беспрекорниот изглед на оваа ѕвезда, која зачекорила во седмата деценија од животот, е во тоа што многу внимава што внесува во своето тело. Таа практикува строга, сирова веганска исхрана, што значи дека јаде само сирова растителна храна, која може да се консумира без готвење.

Постојат тврдења дека состојките можат да ги изгубат важните хранливи материи и ензими во процесот на готвење, а сировата растителна храна го подобрува нивото на енергија, спречува болести и го подобрува општото здравје. Како што гледаме, сировата веганска исхрана добро влијае врз Деми, која исто така е и една од познатите личности што му го свртеле грбот на алкохолот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.