Еве што се случува со нашиот организам кога во кафето ќе ставиме сол наместо шеќер: Неверојатно откритие!

Би пробале?

Многумина би се запрашале зошто треба да се сипува сол во кафето, а експерт открива какво е дејството на оваа состојка

Омилената напивка што е неизоставен дел од утринскиот ритуал е кафето. Поради основната состојка што ја содржи, односно кофеинот, кафето често е предмет на разни истражувања.

Многу доктори сметаат дека треба да бидеме внимателни кога станува збор за консумацијата кафе, за да не ни направи хаос во организмот.

Исто така, омилената напивка често се комбинира со млеко, шеќер, шлаг и други додатоци, а многумина веруваат дека кафето е најдобро кога не му додаваме ништо.

Алтон Браун, автор на многу готвачи и експерт за кулинарство, во една своја емисија открил дека одвреме-навреме треба да се посолува кафето, наместо да се засладува. Навел дека на една шолја вода, треба да се помешаат две лажички кафе со половина лажиче сол.

Солта проверено ја неутрализира горчината, која понекогаш му пречи на желудникот. Ова го има потврдено едно истражување, спроведено на Хемискиот универзитет во Филаделфија.

Натриумот ја неутрализира горчината, но освен тоа, може и да ја подобри аромата на кафето, како и да ја неутрализира непријатната арома.

Бидете внимателни

Ова не значи дека солта е замена за шеќер и по количеството. Треба да бидете внимателни со количествата, односно, ако ставате две лажички шеќер, тоа не значи дека треба да ставите исто толку сол. Најдобро е да се придржувате до горенаведените мерки што ги препорачал Алтон Браун.

Горчината на кафето може да се создаде од неколку причини:

  • Погрешна температура на водата – ако кафето се вари на повеќе од 96 степени, тогаш горчината се губи.
  • Бојата на зрната кафе – колку што се потемни зрната толку погорчливо е кафето.
  • Препрженост на зрната – кафето често се пржи на високи температури, а степенот на запрженост најчесто може да се провери на пакувањата кафе.
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.