„Она што ми го направија мене, никогаш не би дозволиле да ѝ го направат на Кејт“: Меган Маркл го нападнала кралското семејство!

Двојни стандарди во кралската палата?

Поранешната војвотка признала дека таа го убедила Хари да ја напуштат кралската должност и да се преселат на друг континент

Меган Маркл пред пет месеца ја напуштила Велика Британија, а од крајот на март и официјално е поранешен член на кралското семејство. Заедно со сопругот, принц Хари, свртила нов лист и започнала живот во родниот Лос Анџелес, по краткиот престој во Канада.

Сепак, изгледа дека Меган сѐ уште не е на чисто со сето тоа што ѝ се случило изминативе неколку години откако го запознала британскиот принц. На своите блиски пријатели во Калифорнија, Меган им ја раскажала својата страна на приказната, која сега стигнала до сите светски таблоиди.

„Меган тврди дека кралското семејство ги игнорирало сите проблеми што ги имале таа и Хари. Тврди дека не би се толерирало однесувањето на британскиот медиуми, ако такво нешто ѝ се случувало на војвотката Кејт Мидлтон. Во тој случај, веднаш би се презеле жестоки мерки и би се замолчиле медиумите“, рекол еден од пријателите на поранешната војвотка од Сасекс.

Освен тоа, Меган смета дека никој од членовите на монархијата не би требало да му се чуди на нивниот потег, односно напуштањето на должноста.

„Ни раскажа дека принц Хари постојано ги предупредувал кралицата и принц Чарлс, им се жалел за тоа низ кое поминувале, а тие го игнорирале. Дури и му сугерирале да се помират со сето тоа, бидејќи работите се едноставно такви какви што се“, открил изворот.

Меѓутоа, жестоката Американка и револтираниот Хари не сакале само да се помират со ситуацијата, бидејќи мислеле дека во кралското семејство постојат двојни стандарди.

„Неколку пати ни нагласи дека таквиот третман никако не би се толерирал, кога Кејт би била во прашање. Освен тоа, ни кажа дека Хари веќе со години им е лут на таблоидите, најпрво поради тоа што ѝ го направиле на неговата мајка. Меган тврди дека го предупредувале кралското семејство дека ќе си отидат некој ден доколку не се преземе нешто, но никој не ги сфатил сериозно“, додал изворот.

Пријател близок на поранешната актерка открива дека токму таа го уверила својот сопруг да ги напуштат кралските должности и да се преселат на друг континент.

„Му рекла дека ако останат во Велика Британија, никогаш нема да излезат од сето тоа како победници. Секогаш ќе има нешто поради што медиумите ќе ја критикуваат. Отишле до таа мера што пишувале дека премногу го гали стомакот за време на бременоста, а што би било подоцна за време на растењето на Арчи. Хари заклучил дека британскиот медиумски простор доволно долго го уништувал неговиот живот и дека време е да земе работите во свои раце и да ги заштити сопругата и синот“, рекол истиот извор.

Меган Маркл и Хари се откажале од кралскиот трон поради принцот Вилијам!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.