Николина Пишек ги дозна резултатите од обдукцијата на покојниот сопруг: Вдовицата на Видоје Ристовиќ го порача следново

Не ѝ е лесно, но цврсто стои на нозете

Вдовицата на српскиот историчар Видоје Ристовиќ, Николина Пишек ги дозна резултатите од обдукцијата на нејзиниот покоен сопруг, па се огласи по тој повод.

Со комисиско вештачење на Институтот за судска медицина при Медицинскиот факултет во Белград, утврдено е дека смртта на Ристовиќ настапила на 8 мај 2022 година во 00.22 часот поради воспаление на срцевиот мускул, најверојатно од вирусно потекло.

Сепак, Николина Пишек не сакаше многу да коментира, па само изјави:

Немам коментар за тоа и многу ви благодарам“, соопт[и таа за kutrir.rs.

Да потсетиме, со хемиско-токсиколошката анализа утврдено e дека Ристовиќ во моментот на смртта бил во состојба на тежок алкохолизам, со 2,83 промили алкохол во крвта. Утврдено е и дека конsумирал лекови од групата седативи, кои не биле во токсична концентрација, односно не биле во концентрација што може да предизвика смрт.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.