На скалите на клубот НАПРАВИЛ ДЕТЕ ЗА 5 минути и добил ќерка: За синовите дава сè, а неа не сакаше да ја признае, иако е негова КОПИЈА

Поранешниот тенисер и спортски тренер Борис Бекер излезе од затвор по отслужување на осум месеци казна, а неговата прва одлука беше да избега од земјата и да се врати во татковината.

„Тој ја отслужи казната и не е предмет на дополнителни судски обвиненија и замина во својата татковина, Германија“, изјави адвокатот на поранешниот тенисер Кристијан-Оливер Мозер и додаде дека спортистот повеќе нема да дава интервјуа или изјави на оваа тема.

Покрај отслужувањето на осуммесечната казна, Бекер мораше да плати и парична казна. Но најлошата казна беше да го продаде златниот олимписки медал и двете награди на Вимблдон – сето тоа за да собере пари за судските и правни такси.

Патем, да потсетиме дека Бекер беше обвинет дека криел имот вреден милиони фунти за да избегне плаќање долгови откако прогласи банкрот во 2017 година. Врховниот суд на Саутворк го прогласи за виновен по четири точки од Законот за несолвентност и го ослободи од други 20 точки.

Сето ова што му се случува многумина го протолкуваа како „карма“ за минатите гревови, особено кога станува збор за неговата вонбрачна ќерка Ана, која долго време не сакаше да ја признае. Таа е резултат на аферата со манекенката Анѓела Ермакова, со која наводно поминал само една ноќ, во 1999 година кога се сретнале во лондонскиот ресторан Нобу. Се шпекулираше дека нивната фатална средба се случила на скалите на клубот.

Не знам дали тоалетот е подобро место, но тоа го направивме на скалите. Медиумите објавија дека сме имале секс на маса во тоалетот, но таму немаше маса. Тоа не беше афера, тоа беше врска од пет минути, откри поранешниот тенисер.

Сепак, како и да го наречете, овој настан му го уништи бракот со германската убавица Барбара Фелтус, со која сега ги има 28-годишниот син Ноа и 22-годишниот Елиас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BUNTE (@bunte_magazin)

Потоа со години одбиваше секаква врска со Ана, па дури и негираше дека таа е негова ќерка. Сепак, генетиката преовладуваше и повеќе од јасно е дека тој е нејзиниот татко. Со текот на времето, и тој „попуштил“ и се обидел да изгради подобар однос со својата ќерка, но и со нејзината мајка.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.