Ѕвездата од „Никад није касно“ по трет пат се бори со ракот: Не ги откажав настапите и покрај хемотерапијата! (ВИДЕО)

Жена - Борец!

 Победничката на музичкото шоу „Никад није касно“, Бојана Бајрактаревиќ третпат се бори против ракот на дојка, а овојпат таа ја опиша болеста како случајност.

Имено, пејачката станала популарна уште во далечните деведесети години, а особено стана популарна по победата во „Никад није касно“.

Бојана, сега по трет пат се бори со тешката болест…

Таа прво изјавила како се чуствува и начинот на кој ја открила оваа болест.

„Одлично сум, му благодарам на Господ. Јас сум секогаш позитивна, благодарам на прашањето. Поминав хемотерапија, сега на ред е зрачењето. Јас тоа го прифатив, како е така е, морам да се лечам и да слушам. Работам без оглед на ова, работев и додека бев на хемотерапија. Не знам зошто се случи по трет пат“ – започнала пејачката и додала:

„Случајно открив дека имам по трет пат. Требаше да одам на реконструкција, бидејќи ги сакав двете дојки. Меѓутоа, Господ те чува, па те испраќа на прав пат. Мене од тој преглед ми беше дијагностициран по трет пат рак“ – изјавила Бајрактаревиќ.

„Со карциномот ви нема гаранција, колку и да внимавате, секакви фактори влијаат на тоа. Се зависи од организмот, не е тука пресуден ниту докторот, ниту нешто дргуго“ –рекла таа.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.