Жика Јакшиќ заврши со солзи поради Милица Тодоровиќ: „Горд сум на тебе, срце мое убаво“ (ВИДЕО)

Емоции!

Водителот Жика Јакшиќ, сакал Милица Тодоровиќ да го отвори осмиот серијал на музичкиот шоу програм „Никад није касно“, па заплака на сцена кога виде дека таа пее.

Овој пат, Милица ја извела песната „Rolling in the deep“, која инаку ја пее Адел, па и тоа како ја воодушевила сите во студиото.

„Милица ја сакам како личност и за неа сум врзан уште од времето на втората сезона на „Ѕвездите на Гранд“, кога имаше 15 години. Победи во таа сезона и кога го прогласуваа победникот, јас бев толку среќен што заплакав покрај бината на Ташмајдан – се присетил Жика и додал:

„Горд сум на тебе, срце мое убаво“!

„Морам да кажам дека ми е  многу драго за тебе. На 15 години зачекори на естрадата, но така мирно ги дочека своите 18 години, тргна со сигурни чекори и стана една од најдобрите вокали во целиот регион. Морам да кажам од почит кон сите твои колеги, ако би ја ставил на вага од едната страна како пее Милица забавна музика, а од другата страна како пее народна, таа ширина малку пејачи ја имаат на овие простори. Милица, ја сум горд на тебе, срце мое убаво“ – заклучил Жика.

Погледнете го настапот на Милица и реакцијата на Жика:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.