„На семејството му е нанесена огромна штета“ Официјално соопштение на Здравко Чолиќ по повод кражбата: „Тоа е лага!“

Не се огласува често, но овој пат морал!

Во медиумите вчера се појави веста дека од куќата на Здравко Чолиќ исчезнале околу 20.000 евра.

Познатиот пејач излезе со соопштение, бидејќи во приказната е вклучена и неговата ќерка Уна.

На овој начин семејството претрпе неизмерна штета и со ова Ви се обраќаме да го запрете ширењето на лажни вести и апелираме до сите медиуми да не учествуваат во креирањето на неточни информации со кои во преден план се ставаат незаштитени поединци и нејавни личности, во случајов ќерката на Здравко Чолиќ. Сакаме да истакнеме дека веста за наводно исчезнување на пари во куќата на Здравко Чолиќ е апсолутна лага. Сите медиуми кои ја пренесуваат веста без претходна проверка ќе бидат санкционирани со сите расположливи правни средства. Здравко Чолиќ никогаш на ваков начин не комуницирал со медиумите, но кога се работи за семејството, одлуката за приватност мора да се почитува, имајќи ги предвид сите морални и човечки кодекси. Со пласирање лажни информации, новинарите секако ја зголемија читливоста на порталите, но му нанесоа неизмерна штета на семејството Чолиќ и ја измамија јавноста во Србија и земјите од регионот“ – се наведува во официјалното соопштение на Чола и неговиот тим.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.