Меган очајна: Новото правило на кралицата ја шокирало војвотката, но и целата јавност!

Љубителите на животните се бесни

Фото: Getty Images

Елизабета јасно и’ ставила до знаење дека во нејзината палата не може секој да прави што сака

Кралицата Елизабета и тоа како е свесна за сите протоколи и правила што ги крши нејзината снаа Меган Маркл, а со тоа и нејзиниот внук принц Хари, па решила конечно да му стави крај на сето тоа.

Почнала со тоа што забранила да се чуваат кучиња во Бакингемската палата.

Имено, кралицата дознала дека Меган и Хари планираат да посвојат уште едно напуштено куче, овој пат за нивниот син Арч, па Елизабета го поставила и соопштила новото правило.

„Хари и Меган почнаа да работат во своите канцеларии во една од куќите на кралицата, а Елизабета воопшто не сака тука да влегуваат и да живеат кучиња“, изјавил извор од палатата.

Кралицата додала дека нема ништо против слободата, но нека ја практикуваат таа слобода во својот дом, а не во нејзиниот дворец.

„Таа и’ соопшти на Меган дека може да прави што сака во нејзиниот дом во Фрогмор, но не доаѓа предвид тоа да го пренесува во палатата. Меган е очајна, бидејќи обожава животни и сака да ги засолнува“, додал изворот.

Ова не е првпат како кралицата одлучува да ја скроти Меган Маркл. Војвотката планирала да напише мемоари, но Елизабета од старт ја забранила нејзината идеја.

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.