Лепа Брена била со него пред Боба Живојиновиќ: Бил дуќанџија, а подоцна влегол во политичките води (ФОТО)

Бившиот

Фото: Инстаграм

Лепа Брена и нејзиниот поранешен партнер ги спои една музичка соработка.

Лепа Брена била во емотивна врска со Мирко Крлиќ. Таа на Изборот за песна на Евровизија учествуваше со песната „Мики, Миќо“, која наводно му била посветена на нејзиниот тогашен емотивен партнер.

Мирко за Лепа Брена подоцна имаше само пофални зборови и тврдеше дека останале во пријателски односи по разделбата.

Точно е дека Лепа Брена долго време беше моја девојка и дека се сакавме. Но тоа е веќе минато и ние сме сега само добри пријатели. За тоа што зборува чаршијата, дека требала да се омажи со мене, можам да кажам дека е фантазија и нечија убава желба. Јас можам да изјавам дека по врската со Брена, таа беше и остана мој голем пријател. И искрено да ви кажам, ни малку не се изненадив кога објави дека се мажи. Бидејќи за таа нејзина желба знаев одамна, вели тој.

Исто така, рече дека најголемата желба на Брена била да создаде семејство.

Додека бевме заедно, често ми зборуваше: ‘Мирко, најголема желба ми е да основам семејство. Постојано ме прогонува помислата дека славата еден ден ќе помине, а јас ќе останам сама’. Од тој страв никако не можеше да се ослободи, особено што постојано беше одвоена од родителите кои живеат во Брчко, изјави своевремено Крлиќ.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.