Не дозволува никој да му пристапи: Машин Ган Кели се појави сам на доделувањето награди покриен со шилци по целото тело (ФОТО)

Фрикасто

Бизарното однесување на рок-музичарот продолжува.

Машин Ган Кели (32) се појави на доделувањето на Американските музички награди во несекојдневно издание. Многумина се прашуваа како воопшто ќе седне во овој аутфит, и дали го избралза одржување социјална дистанца во буквална смисла на зборот?

Познато е дека рокерот обожава да експериментира, па често шокира со својата појава заедно со свршеницата Меган Фокс, која сака слични работи како и тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mr. Pink (@machinegunkelly)

Овој пат на доделувањето на наградите се појави сам, во виолето костим со големи шилци, кои воопшто не изгледаа наивно. Како да сакаше да им порача на сите да држат безбедно растојание од него. Неговата облека, како и накитот, одлично го следеа севкупниот изглед.

Познат по бунтовниот став, Кели во текот на доделувањето на наградите се поразмисли дали слетувањето на Месечината навистина се случило. Во говорот кој го имаше, примајќи ја наградата за „омилен рок-уметник“, се задржа на теоријата на заговор дека слетувањето на Месечината била претстава и дека случувањето е лажно:

Постојат луѓе кои ме нарекуваат турист, но тие грешат, јас сум „човек-ракета“. Не сме родени на Месечината, но сме гледале во неа и бевме воодушевени што отидовме на неа… Наводно… А овие два албума сум јас – кој оди на Месечината, вели тој.

Во текот на овој говор, додаде и дека му е тешко да оди во тоалет во оваа облека.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.