Кралицата на скандалите има ново младо момче: Мадона без срам се љубеше на сепаре

Шоубизнис

Новото момче на Мадона е дури 31 година помладо од неа, но тоа не ја спречува кралицата на скандалите лудо да се забавува и да пробува разни експлицитни пози во кафуле.

Кралицата на поп музиката, Мадона неодамна привлече големо внимание во јавноста поради нејзините контроверзни фотографии со поексплицитна содржина.

Додека многумина ги коментираат нејзините слики и изглед, пејачката го живее животот максимално, а неодамна одекна и веста дека си најде ново момче. Имено, станува збор за младиот модел Ендрју Дарнел, кој е 31 година помлад од пејачката.

Неколку пати за странските медиуми изјавила дека сексот е она што ја води.

Мадона неодамна раскина со 28-годишната танчер и веднаш започна нова врска, пишуваат странските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marghe Fatina ღ (@marghefatina)

Пејачката во текот на викендот е видена во интимна прегратка со млад модел, а се шпекулира дека ова не им е прва средба, туку дека се гледале и претходно.

Имено, по концертот отишле на вечера, каде продолжиле да се забавуваат. Во таа прилика тие танцуваа лежерно, а во неколку наврати дури и се бакнуваа, изјави извор за „Пејџ шест“.

„Тие дефинитивно се гушкаа. Цела ноќ отворено ја покажуваа својата страст еден кон друг во сепарето“, рекол изворот.

Пејачката и моделот неодамна направија заедничко снимање и фотографирање за едни списанија, а имаа многу експлицитни сцени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrew Darnell (@almightywulf)

Кралицата на попот беше на снимањето бакнувајќи го Дарнел и му ја лижеше брадавицата додека блицовите на камерата ги осветлуваа. Мадона објави и фотографии од снимањето на својот Инстаграм профил, пишувајќи: „Се во добар вкус“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IMG Models Worldwide (@imgmodels)

Треба само да видиме во која насока ќе оди нивната врска. Она што е сигурно е дека пејачката е во многу добри односи со помлади мажи, бидејќи три години беше во врска со помлад танчер.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.