Предлог ручек: Тиквици од рерната кои на сите ќе ви се допаднат (ВИДЕО)

Рецепт

Тиквичките можете да ги подготвите на неколку начини, а сега ги подготвуваме со мелено месо.

Доколку немате идеја за денешен ручек во кујната на бабите најдовме рецепт за тиквици печени во рерна со мелено месо.

Потребно:

1 голема тиквица

300гр мелено месо

50гр листови кашкавал

50гр сува сланина

1 помала главица кромид

Малку лук

Малку мелена пиперка

Малку мелен бибер

Малку масло

Подготовка:

Во меленото месо додадете го сецканиот кромид, мелениот бибер, лук и измешајте добро се. Тиквиците исчистете ги исечете ги на пола, па повторно на половина, но не до крај.

Посолете и оставете 20 минути, па исцедете ја течноста. Од месото направете мали плескавици, па ставете во сендвичот тиквици.

На тоа ставете лист кашкавал и сланина и подредете ги во подмачкан плех. Премачкајте со маслото и печете на 220 степени околу 40 минути.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.