Јелена Ѓоковиќ се снимаше во бањата: Да не покажа премногу? (ВИДЕО)

Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена, минатиот викенд беше во посета на Љубљана, каде што одржа предавање светскиот експерт за родителство д-р Шефали Кабари.

Јелена Ѓоковиќ, која им е многу посветена на овие многу важни и суштински прашања, на социјалната мрежа Инстаграм ги сподели своите впечатоци од споменатиот настан, а на следбениците им дозволи малку подлабоко да ѕирнат во нејзината приватност.

Имено, видеото кое Јелена го објави открива што правела за време на престојот во Љубљана, а меѓу другото можеме да ја видиме како снима во бањата без трошка шминка, а потоа се препушта на вештите раце на фризер и експерт за шминка.

Сите сме полни со впечатоци по вечерашниот настан! Прекрасна вечер на родители, воспитувачи и идни родители и фантастичниот, енергичен д-р Шефали, кој свесното родителство го доближи до публиката на најубав можен начин. Пораките на благодарност продолжуваат да се слеваат. Со нетрпение очекуваме да го прошириме нашиот проект „Поддршка, а не совршенство“ – напиша Јелена под објавата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Видео: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.