„Ја снимив нашата песна“: Ана Бекута се уште се плаши од темнина, Денот на вљубените имаше посебна вредност за нив (фото / видео)

Напиша емотивен опис

Специјална објава која потсетува на нејзината најголема љубов…

Ана Бекута го одбележа Денот на вљубените со специјална објава која потсетува на нејзината најголема љубов, политичарот Милутин Мркоњиќ.

Бекута денеска на својот Инстаграм профил објави фотографија со Мрка инапиша емотивен опис:

„Би те препознал во целосен мрак, да си нем, а јас да сум глува. Би те препознала во сосема поинаков живот, во други тела, во други времиња. И јас би те сакала во сето тоа, додека последната ѕвезда на небото не изгори во заборав. Ја снимив нашата песна. Прегрни ме“, напиша Ана која неодамна го отпеа овој хит со колегата Халид Бешлиќ.

Освен што денес е Денот на вљубените, кој Ана би го прославила со Мрко да беше жив, овој датум за нив има посебна вредност, бидејќи токму на тој ден пред 12 години ја започнаа својата врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)

Нивната љубовна приказна беше прекината со смртта на Милутин Мркоњиќ, кој почина на 27 ноември 2021 година на 80-годишна возраст.

Фото: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.