Ја контролира 3 години по разводот: Не смее да се фотографира со мажи, и понатаму мора да оди на одмор со него!

Дали е ова возможно?

Не ѝ е лесно на Елизабета, но ветување е ветување и таа подготвено го исполнува

Италијанскиот претприемач Флавио Бријаторе (71) и 30 години помладиот модел Елизабет Грегорачи беа во брак од 2008 до 2017 година, а тој се погрижи јавноста да не ја види со мажите со коишто се гледала по него.

Флавио, чие богатство се проценува на 400 милиони долари, бил фотографиран со поранешната сопруга на плажа на островот Сардинија. Додека Елизабета уживала во спортовите на вода, тој сето тоа го набљудувал од брод.

Манекенката привлекувала внимание во минијатурно црно бикини, во кое ја покажала совршената линија и не ја симнувала насмевката од лицето. Поранешниот шеф на Формула 1, како и секогаш, носел маица и шорцеви на плажа и очила за сонце.

Инаку, некогашните сопружници имаат 11-годишен син Нејтан Фалко, кого секогаш го носат на заедничките одмор. Флавио и Елизабета изгледале добро расположени, како и секогаш кога се заедно во јавност.

Со нив не била новата девојка на Флавио, 25-годишната манекенка Мариа Лудовико Кампано, со која е во врска од минатото лето. Флавио пред неа бил во врска со студентката по право Бенедети Боси, а на листата на негови бивши се и Наоми Кемпбел, како и Хајди Клум, со која има 17-годишна ќерка Лена.

Додека Бријаторе се фали со својот љубовен живот и само ги менува младите убавици и модели, на неговата поранешна сопруга договорот ѝ забранува да го покаже новиот дечко.

Кон крајот на минатата година, Елизабет ја изненадила јавноста кога признала дека има договор со милионерот, според кој три години по разводот не смее да биде бидена во јавност со нов дечко. Од Флавио официјално се развела во 2018 година, а ако го прекрши договорот, ќе мора да плати висока казна.

„Таа потпиша договор и затоа не се гледа со други мажи откако се разведе од Флавио. Можеби се дружи со некого, но тоа е нејзина приватна работа“, рекол извор близок на Елизабета за италијанските медиуми.

Таа самата на крајот признала дека цело време била во врска, но внимавала никој да не ја фотографира:

„Флавио е посесивен, сето тоа го направив за негово добро“, изјавила Елизабета.

Интересно е што Флавио пред да се збогати, бил шеф на ресторан и продавач на осигурувања во Италија. Своевремено бил неколку пати осуден поради тужба за измама во 1980-те години, добил две затворски казни, иако тие пресуди подоцна биле укинати со амнестија.

Ќерката на познатата манекенка станала вистинска убавица: Дали ја надминала мајка ѝ?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.