Изјавата на Бен Афлек што ги ужасна обожавателите: „Ни се згади од овој човек“

Дали се согласувате?

Скандалите од неговиот приватен живот, некако го избришаа професионалниот живот на Бен Афлек

Кога некој ќе го спомене Бен Афлек, веднаш го паметиме како некој што ја расплакал Џенифер Гарнер на скалите пред нивната куќа, а сето тоа го фотографирале папараците. Потоа, го паметиме по бакнувањата на плажа со Ана де Армас, па по тоа како трчал по неа како куче, а потоа и по тагата откако истата таа го откачи.

Одеднаш тој се сети дека Џенифер Лопез отсекогаш го сакала и сега со неа среќно ги поминува деновите.
И додека тој живее и ужива со својата голема љубов, некако повторно успеа да се расправа со бившата која никогаш не кажала ниту еден лош збор за него и која речиси сама ги чува нивните деца.

Но како тоа да не му било доволно, вчера изјавил:

„Ако останев во брак со Џенифер Гарнер, веројатно сè уште би пиел! А затоа и почнав да пијам, затоа што се чувствував заробено во бракот со неа. Бев во фазон: ‘Не можам да си одам поради моите деца, но не сум среќен, што да правам?’. Затоа пиев по шише шток дневно додека заспијам на креветот, што на крајот не излезе дека е добро решение!“

Актерот од 2001 па до 2017 година бил на неколку сесии за откажување од алкохол, што и го признал во 2018 година, откако разводот бил реализиран. Меѓутоа, многумина не се убедени дека ја излечил зависноста. Во текот на сите трезнења, Џенифер Гарнер била покрај него.

Ниту еднаш за време на нивниот брак, но и на разводот, неговата поранешна сопруга не кажала ништо лошо за Бен.

Иако во медиумите се потенцира приказната дека тој и Џенифер Лопез се во голема љубов, на многумина таа приказна повеќе им личи на маркетиншка одошто на љубовна.

Времето ќе покаже за што станува збор.

Актерот Бен Афлек „фатен“ со поранешната сопруга: Што ќе каже Џенифер Лопез на ова… (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.