Ѓоле Ѓогани од страв дека сопругата ќе се посрамоти јавно не ѝ дозволувал да се снима
Но таа не го послуша
Весна Ѓогани стана јутјуберка! Имено, пејачката и сопруга на Ѓоле Ѓогани самата откри дека одамна посакувала да отвори свој јутјуб-канал на кој ќе ги објавува видеата снимени во својот дом, но Ѓоле сметал дека нема соодветна содржина со која би им го привлекла вниманието на претплатниците.
Кога почна вонредната состјба, помислив дека е вистинско време да отворам јутјуб-канал. Тоа ми е дамнешна желба. Со месеци бев во фазатата сакам-нејќам, бев несигурна. Секогаш кога ќе посакав да направам нешто во однос на тоа, Ѓоле ќе ми речеше: ‘Немаш никаква содржина, никаков материјал со кој ќе снимаш!’ Ми велеше дека мора да имам шпица и да биде според високи стандарди“, се пожали поп-пејачката за „Телеграф.рс“.
Но јас си реков: ‘Па, не мора. Луѓето сакаат нешто што е реално, сурово, необработено, онакво какво што е.’ Мислам дека луѓето баш би ме засакале преку јутјуб-каналот. Всушност, не мора да ме засакаат, само нека ме запознаат. На крајот на краиштата, мене ми се допаѓа тоа“, заклучува Весна.
Фото: Инстаграм