Детали од разговорот на Џенифер Анистон и Анџелина Џоли, кои долго време се криеја од јавноста

Анистон тогаш не ни претпоставувала дека разговара со соперничката

Џенифер Анистон (51) раскажа како поминала средбата со жената за која во тоа време не знаела дека ќе ѝ го презеде сопругот.

Како што сите знаат, причината за нејзиниот развод со Бред Пит (56), со кој се венча во 2000 година, а се разведе пет години подоцна, е актерката Анџелина Џоли (44), со која актерот започна врска за време на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“.

 

 

View this post on Instagram

 

They were the hottest couple 🔥 #jenniferaniston #bradpitt #90s #00s #brennifer #anistonpitt #bradandjen #hollywood #goldencouple

A post shared by Jen and Brad (@anistonpitt) on


Не е тајна дека на Анистон ѝ беше потребно долго време да закрепне од разводот, но дури неодамна се откриени детали од нејзиниот разговор со Џоли.

 

 

View this post on Instagram

 

. . 久しぶりにツボな映画だったなあ . #mrandmssmith #movie

A post shared by nanaka (@7flower_19) on

 

Имено, во разговорот за Vanity Fair, Џенифер откри дека седум години помладата колешка ја сретнала само еднаш, и тоа на паркингот на кој се снимала серијата „Пријатели“. Тоа се случило во 2004-та година, пред почетокот на снимањето на „Господин и госпоѓа Смит“, во кој нејзиниот сопруг и Анџелина ги глумеа главните улоги.

Џен раскажа дека застанала кога ја видела Анџелина, по што и’ се претставила. Тогаш ѝ кажала:

Бред е многу возбуден што ќе работи со тебе. Се надевам дека добро ќе се забавувате.“

Тогаш не ни претпоставувала дека средбата на Анџелина и Бред ќе го означи крајот на нејзиниот брак и почетокот на нивната врска.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.