Гледала како расте, а сега го завела: Сопругата на поранешниот кошаркар е во врска со 17 години помладиот син на неговиот соиграч

Шпанска серија

Поранешната сопруга на кошаркарската легенда Скоти Пипен, Ларса Пипен, го бакнува 17 години помладиот Маркус Џордан, синот на Мајкл Џордан

Американската старлета Ларса Пипен на пошироката јавност ѝ стана позната како најдобрата пријателка на Ким Кардашијан.

Воедно, таа е и поранешна сопруга на НБА-легендата Скоти Пипен, со кого добила четири деца. Се венчале во 1997 година, а разводот го официјализирале дури на 15 декември во 2021 година, откако биле разделени три години.

Инаку, минатата година Ларса помина низ вистински медиумски линч кога се дозна дека се гледа со 22 години помладиот НБА кошаркар Малик Басли, кој поради неа ја остави сопругата Монтана Јо и нивното мало дете.

Тогаш, Ларса беше нарекувана со погрдни имиња на социјалните мрежи, бидејќи уништила туѓ брак, но таа не обрнуваше внимание на тоа.

Сепак, по некое време, врската се распаднала, а сега во светските медиуми почнаа да кружат нови фотографии.

Иако неодамна тврдела дека се само пријатели, најновите фотографии од песочните плажи на Мајами кажуваат повеќе од илјада зборови. 48-годишната Ларса изгледа претпочита помлади, бидејќи нејзиниот нов избраник е 31-годишниот Маркус Џордан, син на Мајкл Џордан.

Иронијата во сето тоа е што Мајкл Џордан и Скоти Пипен со години играа заедно во легендарниот и најтрофејниот тим Чикаго Булс, иако не се во најдобри односи откако излезе документарецот The Last Dance.

Ларса и Маркус прегрнати шетале на плажа, а потоа се бакнувале на лежалките. Инаку, за нивната романса се пишува уште од септември, но дури сега стана јасно дека нивната ситуација е сериозна и дека повеќе не се кријат.

Најпознатата прељубничка живее за да заведува туѓи мажи: Постојано се оперира, вежба, троши милиони, но и понатаму е несреќна!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.