5 фустани што оваа зима ќе ги носат сите модни икони: Удобни се и топли, изгледаат совршено и во дневни и во вечерни варијанти

Трендови

Дознајте кои модели на фустани ќе бидат модерни оваа зима

Доаѓањето на зимата ни наметнува нови трендови, па така оваа сезона, посебен акцент ќе се стави на одредени модели на фустани. Фустанот им е омиленото модно парче на многу жени, бидејќи со еден потег ќе создадете цел изглед, а се издвојуваат и по тоа што лесно се комбинираат. Во продолжение, издвоивме пет модели на фустани кои ќе бидат модерни оваа зима…

1. Кожени фустани

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @femmeblk


Секогаш кога сакате да оставите моќен впечаток, без разлика дали станува збор за деловен состанок или рандеву, одберете кожен фустан – безвременска класика.

2. Плетени фустани

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brittany Bathgate (@brittanybathgate)


Ребрестото плетиво секогаш е сигурен избор. Имено, без разлика за кое модно парче се работи, убаво плетениот материјал секогаш изгледа елегантно и лежерно.

3. Фустани со висок околувратник

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emma Rose Thatcher (@emmarosestyle)


Неговото време не помина со заоѓањето на сонцето и збогувањето со брегот – тој доби нова верзија – подолг е, предимензиониран, од поцврст материјал. Ваквите модели на фустани наесен се носат и за секојдневни пригоди и за вечерни настани, а вам ви преостанува да го одберете дезенот што најмногу го отсликува вашиот стил.

4. Кадифени фустани

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @camillecharriere


За разлика од претходните зимски сезони, кадифените фустани оваа година се задолжително парче во плакарот. За новата популарност на кадифето, многумина го „обвинуваат“ фактот што на модната сцена повторно се нагласува желбата за дотерување, за што доволно сведочат колекциите за сезоната на празнични забави, во кои доминира овој материјал со луксузен изглед. Ние не се буниме, а колку што гледаме, ни светските трендсетери немаат замерки за овој трендовски материјал.

5. Долги ракави + мини-фустан


Краткиот мини-фустан и гломазните чизми се дуо од соништата – креирајќи удобен и шик изглед истовремено. Облечете кожена бајкерска јакана одозгора и појдете на вечерна забава со стил што сите ќе го забележат.

5 ултрамодерни парчиња за жени повозрасни од 50 години: Ќе направат да изгледате смело и барем деценија помладо!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.