Еве што прават Ким, Кендал и Кајли откако ќе се исклучат камерите (ФОТО)

Дали ќе издржат без нив?

Фото: Профимедиа

Ким Кардашијан неодамна соопшти дека реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“, кое 14 години го следеше секој чекор на нејзиното семејство, вивнувајќи ги членовите на кланот Кардашијан-Џенер на врвот на популарноста, веќе нема да се снима. Последната сезона ќе почне да се емитува на каналот „Е!“ во јануари идната година и потоа – крај!

Е сега, како тоа ќе се одрази врз животите на популарните сестри Кортни, Ким, Клои, Кендал и Кајли, вклучувајќи ја и нивната мајка Крис Џенер – наскоро ќе дознаеме. Засега уживаат далеку од екипата што буквално живееше во нивните домови…

Па така, Ким горделиво шеташе на плажата во Малибу, привлекувајќи им го вниманието на папараците…

Триесет и деве годишната ријалити-ѕвезда ги покажа препознатливите облини со блуза на долги ракави и костим за капење.

И Кендал Џенер беше забележана во Малибу, без своето ново момче. Популарната манекенка избра спортска комбинација, која одлично ѝ прилега на нејзината вита става. Ангелот на „Викторијас сикрет“ на нозете носеше модерни гумени влечки.

23-годишната милијардерка Кајли Џенер, пак, ги израдува своите многубројни следбеници со неколку провокативни фотографии на кои во преден план е нејзиното раскошно деколте….

Според написите на американските медиуми, Клои Кардашијан најмногу плачела поради крајот на шоуто.

Вчера ртребаше да ѝ соопштиме на екипата, па сите плачевме. Но мислам дека Клои најтешко го прифати ова и не престана да плаче откако ја објавивме веста“, изјави Крис, мајката на сестрите Кардашијан-Џенер.

Според неа, ова било навистина тешка одлука, но таа сметала дека сега е вистинското време да му се стави крај на шоуто.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.