„Е, вака се старее!“ Актерката сите ги збуни со сочниот бакнеж и бујното деколте, изгледа за медал во седмата деценија (ВИДЕО)

Предизвика бурни коментари со својата појава

Легендарната актерка Џејми Ли Кертис (64) се погрижи нејзиното присуство на доделувањето на SAG-наградите да биде незаборавно.

Ѕвездата од филмскиот серијал „Ноќта на вештерките“ облече црвен долг фустан, а нејзиното длабоко деколте, кое едвај ги задржа нејзините бујни гради, им го привлече вниманието на присутните.

Но актерката не изненади само со предизвикувачка модна комбинација, туку со страстниот бакнеж што го размени со колешката Мишел Јео (60). Откако ја прими наградата, камерите го фатија моментот на бакнежот, а фотографиите и видеата набрзо се проширија на социјалните мрежи.

Тој момент од доделувањето на наградата ги запали социјалните мрежи, а твитерџиите не престанаа да го коментираат бакнежот, но и природниот изглед на актерката.

Вака се старее, нормално, секоја чест, Џејми!“, „Не ми се верува дека Џејми ја бакна Мишел во уста“, „Што мислеше Џејми пред овој бакнеж?“, „Ова е еден од посочните бакнежи што сум ги видел“, „Изгледа убаво и природно, за разлика од сите нејзини колешки од пластика“, беа коментарите на следбениците.

Погледнете:

Фото: Getty Images

Видео: Youtube

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.