Додека жена му боледува од мистериозен вирус, тој се забавува со Шерон Стоун: Бакнеж и прегратка пред сите!

Непримерно?

Додека принцезата Шарлин со месеци наводно закрепнува од некој вирус, принцот Алберт живее со полни гради

И додека неговата сопруга, принцезата Шарлин (43), и понатаму престојува во родната Јужна Африка, принцот Алберт (63) одлучил да се однесува како и секогаш, па така не е ни чудно што не сакал да ја пропушти премиерата на 25-от филм за Џејмс Бонд.

За да не му недостига добро друштво, тој со себе повел и холивудска ѕвезда!

Принцот Алберт пристигнал рака под рака со Шерон Стоун, која изгледала извонредно во блескава креација што совршено ѝ прилегала. Нејзината беспрекорна фигура, но и витите нозе дошле до израз во сребрениот фустан со тенки прерамки и вртоглавите сребрени сандали, а со целиот стајлинг совршено ја усогласила и нејзината лежерна пикси фризура.

Пред насобраните фотографи, тие пријателски се бакнале во образ и поголемиот дел од вечерта го поминале во разговор, а многумина забележале дека Шерон всушност неодоливо потсетува на неговата сопруга Шарлин, со која има шестгодишни близнаци. Не требало долго за да започнат претпоставките дека со ова Алберт ѝ испратил скриена порака на својата сопруга – дека таа е и тоа како заменлива!

Принцезата Шарлин сè уште е во Јужна Африка, каде што отпатувала уште во мај, а иако веќе имаше најави за нејзиното враќање во Монако, тоа се нема случено. Освен тоа, ги пропуштила сите настани на кралскиот двор, па дури и првиот училиштен ден на нивните близнаци.

Отсуството на принцезата Шарлин на многумина им е сомнително. Имено, таа во мај отпатувала во Јужна Африка, наводно, за лично да ја провери работата на хуманитарните организации со кои раководи. Се пишуваше дека патувањето ќе трае вкупно десет дена, но принцезата сè уште се нема вратено, под изговор дека е болна.

Соопштението на кралското семејство гласело дека принцезата Шарлин ќе се врати во Монако штом оздрави од вирусот, но никому повеќе не му е јасно кој е тој вирус што речиси цели пет месеци ја држи на друг континент…

Принцезата Шарлин итно хоспитализирана: Докторите и семејството се преплашени!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.