Цели 4 години ја кријат како изгледа: Јелена Ѓоковиќ конечно објави фотографија од ќерката Тара!

Погледнете

Новак и Јелена ретко ги гледаме со децата, освен кога навиваат за тато на некои турнири

Дали малата Тара Ѓоковиќ ќе продолжи по спортските стапки на тато или повеќе ја интересираат некои други области од животот? Ќерката на Новак Ѓоковиќ сè уште е мала и рано е за да ја одбере идната професија, но ако може да се носат заклучоци според фотографијата што мајка ѝ Јелена ја објавила на Инстаграм, таа би можела да стане балерина.

Новак и Јелена ретко ги гледаме со децата, освен кога навиваат за тато на некои турнири. Сепак, сопругата на славниот тенисер ни откри детаљ од нивното семејно секојдневје, по кој заклучивме дека и Тара има свои интереси како и сите други девојчиња на нејзина возраст. Светлорозов фустан и чевли за танц – сè е спремно за час по балет, а ни покажа и симпатична фризура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf)

Покрај слатката фотографија, Јелена ги потсети следбениците на важноста за зачувување на мајчиниот јазик, традиција и култура. Периодов семејството се одмора на домашен терен, па ја искористила можноста да ги посети манастирите во Косово со Ана Дивац.

„Камо и мојот маж да медитираше вака по работа“: Видеото на Јелена Ѓоковиќ предизвика љубомора кај жените!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.