Денес би наполнил 28 години: Џон Траволта објавил трогателна фотографија за роденденот на неговиот покоен син

Трагедија што не ја преболеле

Истото го направиле и сопругата и ќерката на Траволта

На своите профили на Инстаграм, холивудскиот актерски пар Џон Траволта и Кели Престон, но и нивната ќерка Ела, објавиле заеднички фотографии со Џет Траволта, синот и братот кој починал пред 12 години за време на семеен одмор на Бахамите.

Оваа година тој би го прославил 28-от роденден, па по тој повод тие и јавно се сетиле на него.

„Среќен роденден Џети! Те сакаме!“, напишал 66-годишниот Џон Траволта и објавил црно-бела фотографија на која тој и синот се смеат еден на друг.

https://www.instagram.com/p/B-8epmcpDFL/?utm_source=ig_embed

Истото го направила и сопругата на Траволта со фотографија на која позира со синот, а слични биле зборовите и на Ела Блу, која објавила фотографија на која позираат сите четворица.

https://www.instagram.com/p/B-8kEG6AbC_/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B-8grGtHH8D/?utm_source=ig_embed

Џет Траволта починал во јануари 2009 година за време на одмор на Бахамите, кога имал само 16 години. Додека се бањал во када во луксузен хотел, Џет доживеал епилептичен напад поради кој удри со главата во кадата. Џет бил аутистичен, но семејството не сакало да зборува за болеста на својот син.

Пораснала во вистинска убавица: Џон Траволта објавил селфи со ќерка му и го запалил Инстаграм! (ФОТО, ВИДЕО)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.