Пораснала во вистинска убавица: Џон Траволта објавил селфи со ќерка му и го запалил Инстаграм! (ФОТО, ВИДЕО)

Има 18 години и прекрасна е!

Славниот холивудски актер споделил фотографија со ќерка му и ги оставил без здив обожавателите

Популарниот актерски пар Џон Траволта (64) и Кели Престон имаат две деца, ќерката Ел Блу и синот Бенџамин (9).

Нивниот живот, за жал, бил обележан и од една трагедија кога за време на новогодишните празници во 2009 година го изгубиле нивниот прв син Џет. Тој починал на одмор на Бахамите на 16-годишна возраст.

Тогаш се појавиле информации дека тој починал, затоа што родителите како дел од Сајентолошката вера одбивале медицинска помош за детето.

https://www.instagram.com/p/BkMC4sxHhLe/?utm_source=ig_embed

Актерот објавил фотографија на Инстаграм со својата 18-годишна ќерка Ел.

„Се надевам дека сите имавте добра година“, напишал во описот на фотографијата на која позира со наследничката.

https://www.instagram.com/p/BsT51kOAp7o/?utm_source=ig_embed

Фотографијата настанала на новогодишната ноќ, а многумина коментирале дека Ел станала вистинска убавица која неодолива потсетува на славниот татко.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.