Дарко Лазиќ: „Одев со проститутки во Германија и не се срамам од тоа!“

Популарниот пејач Дарко Лазиќ, освен по песните познат е и по контроверзното однесување.

Фолкерот ја отвори душата и искрено проговори за своите грешки, жените , но и алкохолот и дрогата кои своевремено често ги конзумирал.

Лазиќ призна дека некогаш многу лудувал и дека почуствувал што значи да се живее брзо во буквална смисла.

Имав 17 години кога застанав на сцената, бев дете. Тоа за мене беше едно ново искуство.

По Ѕвездите на Гранд почнав да се искачувам нагоре и многу сум благодарен на Гранд, Саша Поповиќ, Жики Јакшиќ и Брена, без нив не би бил таму каде што сум.

Набргу почувствував што е брз живот и што значи да се живее со полна пареа. Многу лудував и не се срамам тоа да го признаам, рекол Лазиќ кој зборуваше за постапките, конзумирањата на наркотиците, лудиот живот.

 -Еве јас не познавам маж кој барем еднаш во животот не платил девојка. Секој маж го има пробано тоа некаде каде тоа е дозволено.

Сакав само да пробам.  Како млад секогаш бев некаде преку граница, најчесто во Германија, па отидовме во една јавна куќа да го видиме и тоа. Секое машко сака да проба да види, па зошто не и јас.

Еден од ретките сум кој тоа го признава. Впечатоците се добри, но тоа толку не ме привлекуваше за често да се враќам, а сум имал прилика, изјави Лазиќ.

Денес не можам да се напијам поради здравјето ниту да користам наркотици, како што некогаш можев. Поради своето тело не можам ни да помислам на нив, камоли да ги конзумирам, раскажал Дарко Лазиќ во својата искрена исповед.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.