Дали се согласувате дека ова е најубавата полицајка?

Таа на многу од социјалните мрежи е прогласена за „најубавата полицајка на светот“, а во интервју за странските медиуми истакнала дека е „почестена што ѝ служи на полицијата“.

Убавата Колумбијка Дијана Рамирез има многубројни обожаватели ширум светот, а станала популарна откако се прочуло дека е полицајка.

Кога повторно би имала можност да бирам кариера, не би се двоумела и повторно би станала полицајка затоа што благодарение на оваа институција сум тоа што сум, изјавила таа за „JamPres“.

Таа патролира низ улиците на најопасниот град, колепката на нарко-картелите, Меделин, и не би се откажала од својата работа поради инфлуенсерскиот живот на социјалните мрежи.

Сè ѝ должам на полицијата, пред сè, што ме направи професионална и жена каква што сум денес, изјавила таа.

Оваа моќна жена номинирана е и за воена инфлуенсерка на годината на „Instafest“ наградите кои имаат за цел да им оддадат признание на професионалците кои креираат дигитални содржини со големата публика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Diana Ramirez (@dianelly_17)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.