Дали навистина Меган Маркл влегла „неподготвена“ во кралското семејство како што тврди во скандалозното интервју?

Разоткривање

Меган Маркл во интервјуто што таа и принцот Хари ѝ го дадоа на славната Опра Винфри откри дека поранешната жена на принцот Ендру ја научила да се поклони пред кралицата, дека ја „гуглала“ британската химна, а не истражвала ништо за никој од семејството – но дали навистина влегла толку наивно во кралската улога, откриваат британските медиуми…

Колку неподготвено влегла Меган во семејството, според нејзините тврдења во интервјуто, објавени во „Дејли мејл“?

1 Не растела со познавање на животот на кралското семејство и не знаела многу за нив.

2 Никогаш не го гуглала нејзиниот сопруг и никогаш не истражувала за никој од кралското семејство.

 

 

ne-ochekuvala-deka-treba-da-se-pokloni-pred-kralicata-ne-guglala-za-hari-dali-navistina-megan-markl-vlegla-nepodgotvena-vo-kralskoto-semejstvo-7.jpg3 Влегла наивно во улогата до степен што не знаела за протоколите за средба со кралицата и се шокирала кога Хари ѝ кажал што треба да направи:

Мислев дека поклонувањето е само за пред јавност, му кажав дека таа му е баба, зар треба да се поклони, а тој ми одговори – ‘Но таа е кралицата’.

 

4 Немала никакви сознанија претходно за однесувањето во кралското семејство, бидејќи не добила никакво упатство иако има премногу правила, а филмовите не учат како треба да зборуваш, како да ги прекрстиш нозете и како да бидеш кралски член.

ne-ochekuvala-deka-treba-da-se-pokloni-pred-kralicata-ne-guglala-za-hari-dali-navistina-megan-markl-vlegla-nepodgotvena-vo-kralskoto-semejstvo-4.jpg5 Неколку моменти пред да се сретне со кралицата, војвотката Сара Фергусон ја учела како да се поклони, бидејќи наводно не знаела дека ќе треба да го прави тоа.

6 Ја гуглала британската химна, бидејќи никој не си помислувал дека таа е Американка и нема да ја знае, но сепак не сакала да ги посрамоти.

 

 

Сепак, сите не веруваат дека таа била толку неподготвена за влез во кралското семејство, а британските медиуми се обидуваат да го докажат тоа и да ги побијат нејзините теории, на укажувајќи на неколку претходни докази, како и изјави на нејзини блиски пријатели или познаници, кои се спротивни на она што го зборува.

Имено, Нинаки Приди, најдобрата пријателка на Меган од детството, има изјавено дека Меган отсекогаш била фасцинирана од кралското семејство:

Имаше книга од принцезата Дијана на полицата, а дури и додека беше со Тревор ми кажуваше дека сака да оди во Лондон, а гледаше и филмови поврзани со принцезата Дијана“.

ne-ochekuvala-deka-treba-da-se-pokloni-pred-kralicata-ne-guglala-za-hari-dali-navistina-megan-markl-vlegla-nepodgotvena-vo-kralskoto-semejstvo-008.jpg

Меган има фотка пред Бакингемската палата со пријателката Нинаки, кога имала 15 години, во 1996-та, иако тврди дека не била фасцинирана од кралското семејство и не растела со познавања за нив.

ne-ochekuvala-deka-treba-da-se-pokloni-pred-kralicata-ne-guglala-za-hari-dali-navistina-megan-markl-vlegla-nepodgotvena-vo-kralskoto-semejstvo-09.jpg

Кралскиот автор Роберт Џобсон се сомнева во нејзината наивност:

Уште на почетокот тврдеше дека немала идеја кој е принцот Хари. Дали е сериозна?“

Во интервју од 2019-та, Меган признава дека пријателите од Британија ја предупредиле за врската со Хари уште на почетокот и за целото кралско семејство. Во интервјуто откри и дека била пријателка со принцезата Евгенија уште пред да го знае Хари, па тоа ѝ било олеснување, што значи сепак имала некакво познавање за семејството.

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе