Актерот запросен од момчето: Се расплака од среќа (ФОТО)

Искомпонира песна само за него!

Актерот Џонатан Бенет и неговото момче Џејмс Вон се свршија. Вон го запросил Бенет со звуците на песната што самиот ја искомпонирал, а на прстот му стави прстен што е рачна изработка.

Бенет (39) не можеше да ги задржи солзите радосници за време на просидбата.

Кажав ДА и плачев како лудак. Неверојатно сум возбуден што можам да го споделам овој миг“, напиша актерот во описот на фотографиите од свршувачката, објавени на својот инстаграм-профил.

„Веќе некое време работиме заедно и сопственици сме на заеднички бизнис. Заедно го одгледуваме своето крзнено дете (кучето). Но треба да се знае и да се застане и да се танцува заедно, ма колку и да е возбудлив животот и луд, присетете се што ве споило“, порача Бенет во објавата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jonathan Bennett (@jonathandbennett)


Вон додаде дека во животот никогаш не мoже да ви е здодевно кога Бенет е вашата втора половина.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.