Андрија Милошевиќ објаснува зошто социјалните мрежи се полни со… задници (ВИДЕО)

Има логика

Фото: Инстаграм

Видеото ги насмеа неговите обожаватели

Андрија Милошевиќ ги насмеа своите следбеници на Инстаграм со видеото за, според него, најследената содржина на популарната социјална мрежа.

Газињата се најпопуларни. Сега малку ги листав социјалните мрежи и сфатив дека најследен се задниците. Големи, женски, оргомни газиња“, вели популарниот актер во своето видео.

 

Неверојатно, газињата најмногу се следени, а не луѓето. Значи, сопственичките на овие задници што имаат милионски следбеници. Еден пријател ми кажа дека тие ставале квасец во задниците, седнувале покрај шпоретот и тие им нараснувале. Како леб“, ги насмеа Милошевиќ следбениците.

 

И така настануваат задниците под кои пишува: ‘Животот е еден.’ Има и нешто паметно, во смисла дека таа ти дава некоја животна филозофија. И потоа ти можеш да му кажеш на пријателот: ‘Миле, дали знаеш дека животот е еден?’ ‘Кој ти кажа?’ ‘Газето! Само да видиш колку е паметно, баш добро газе!’ Луѓето ги следат задниците, овие мреживе се претворија во одгледувачници на задници. Ги има разни и големи. И луѓето ги следат…“, заклучува Милошевиќ.

Видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.