Катарина Грујиќ: „Да знаев оти е геј никогаш немаше да бидам со него!“

Фото: Инстаграм

Катарина Грујиќ уште еднаш прозборе за својот и тоа како турболентен љубовен живот кој и ден денес привлекува големо внимание. Меѓутоа, овојпат наместо за сегашниот дечко, пејачката зборувала за бившиот партнер, кој како што се наведува, бил геј.

Таа со голема сигурност тврдеше дека не била во таква врска, а со оглед на тоа што никој не и поверува, реши сепак јавно да ја објасни целата ситуација.

„ Да знаев никогаш немаше да завршам во врска со таков човек. Е сега, дали после мене станал геј или не, тоа навистина не знам, рекла Катарина.

Пејачката истакнала и дека никогаш немала проблеми со него, но околината се сомневала во неговата сексуална ориентација.

„Мислам дека другите околу мене се сомневаа, но јас не забележав ништо. Се беше совршено, а што се случувало после мене е негов проблем. Само тој да е среќен и да го добие она што го сака“ , со насмевка на лицето прокоментирала Грујиќ

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.