Овие знаци укажуваат на тоа дека работите премногу напорно: Научете се да застанете и да се опуштите на време

Променете ги навиките

Ако сметате дека вашата работа лошо влијае на вашето здравје и живот, треба да знаете дека не сте единствени. Дури и ако не работите повеќе од 50 часа неделно, можете да бидете уморни од работата затоа што работното време не е единствената причина.

Зошто броењето на работното време не е добар начин да се заклучи дали работите премногу? Бидејќи има и други фактори кои можат да доведат до „прегорување”. Растојанието и возењето од дома до работа, степенот на одговорност, признавање и благодарност што доаѓа од колегите и претпоставените, амбиентот и љубовта кон работата што ја извршувате се само некои од факторите што можат да доведат до тоа да не се чувствувате добро. Ви донесуваме знаци кои укажуваат на тоа дека работите премногу напорно или дека нешто на работата не е соодветно за вас.

Се обраќате кон алкохолот

Луѓето кои работат повеќе од 40 часа неделно консумираат алкохол после работа или за време на викендите. Истражувањата покажаа дека жените кои работат повеќе од 40 часа пијат околу 14 чаши алкохол неделно, додека оваа бројка кај мажите може да надмине 21 чаша неделно. Експертите велат дека за да се намали внесот на алкохол, многу е важно да се завршувњето со работата, односно возењето и враќањето дома. Во тие моменти, слушајте ја омилената музика или слушајте подкаст што го сакате. Избегнувајте да ги читате вестите, како и социјалните мрежи.

Работите напорно, а не гледате резултат

Го зголемивте бројот на работни часови со цел да се заврши поголема работа и не забележувате напредок? Не грижете се, не сте единствени на кои им се случило тоа. Тоа е јасен знак дека работите премногу напорно и дека ви треба пауза. Истражувањата од Стенфорд покажаа дека луѓето кои го зголемиле бројот на неделни работни часови на 70, не работеле повеќе отколку кога работеле 56 часа. Не претерувајте затоа што резултатите нема да дојдат. За да ги добиете посакуваните резултати, направете список на обврски што треба да ги завршите и решете ги задачите една по една.

Други знаци

Поспаност и вртоглавица, болка во грбот и вратот и чувство на тага, исто така, може да укаже на тоа дека работите премногу напорно и дека треба да ги промените навиките за работа. Обидете се да направите паузи од 17 минути по 52-та минута работа за да не се преоптоварите. Во слободно време, медитирајте, ослободете се од стресот акумулиран на работа и дајте си време за себе. Запомнете дека без правилен одмор нема да ги имате посакуваните резултати во работата.

Прочитајте и: Ова се трите најлоши прашања во интервју за работа, и еве како можете да одговорите на нив

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.