Откријте дали попладневната дремка е добра за вашето здравје

Фото: Unsplash

Кога станува збор за попладневните дремки, мислењата на луѓето се поделени. И додека некои сакаат да се одморат после работа или ручек, други тврдат дека овој вид спиење само ги прави уште поуморни. Но, што вели науката? Дали дремењето е лошо за нашиот ноќен сон и нашето здравје? Дали има типови на дремки кои се дозволени и оние што не се?

Истражувањата од Кина потврдија дека попладневната дремка ја подобрува меморијата. Но, според експертите за спиење, тоа не треба да се прави предоцна. Доколку сакате да го извлечете најдоброто и најздравото од вашето дремнување, најдобро е да заспиете пред 15 часот и да спиете до 30 минути. Ако попладневната дремка се претвори во сон кој трае повеќе од триесет минути, тоа лошо ќе влијае на вашиот ноќен сон. Студиите покажаа дека спиењето еден час го зголемува ризикот од срцеви заболувања.

Колку дневно спиење и дремење е дозволено?

Времето за дремнување или попладневно спиење за сите возрасти е исто, и тоа не треба да се прави по 15 часот попладне. Но, времетраењето на дремењето или спиењето не е исто за сите возрасти.

Децата од 0 до 6 месеци треба да спијат од 30 минути до 2 часа – 2 до 3 пати на ден
Децата од 6 до 12 месеци треба да спијат од 20 минути до 2 часа – 2 пати на ден
Децата од 12 месеци до 3 години треба да спијат од 1 до 3 часа – еднаш на ден
Децата од 3 до 5 години треба да спијат од 1 до 2 часа – еднаш на ден
Децата од 5 до 12 години не треба да спијат попладне, доколку во текот на ноќта имаат препорачано 10 до 11 часа спиење.

Здравиот возрасен човек не мора да спие напладне, но дремката што трае 10 до 20 минути може да го подобри расположението, меморијата и моторните вештини, да го намали ризикот од срцев удар и да го намали високиот крвен притисок. Ако поради некоја причина возрасно лице не може да си дозволи 7 до 9 часа спиење, попладневното спиење може да трае до 90 минути.

Прочитајте и: Дали се препознавате меѓу нив: Жени кои на мажите им носат среќа…

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.