Дали се препознавате меѓу нив: Жени кои на мажите им носат среќа…

Некои мажи се вистински среќници

Фото: Thinkstock

За мажот, најважно е во животот да најде работа и жена што му одговараат

Понекогаш, поважно е човекот прво да најде жена: преку неа ќе ја открие својата судбина. Голема среќа е ако најде жена што носи среќа. Ако сретнете таква жена, не е важно колку години има, дали е убава, каков карактер има – важно е само таа да биде она што вам ви треба.

Еве неколку примери за такви жени…

Маргарет Браун, познатата хуманитарка која го преживеала бродоломот на Титаник, во младоста се омажила за сиромашен човек. А потоа, нејзината љубов го вивнала мажот во небо – нејзиниот сопруг имал поддршка за сето она што ќе го наумел. И додека многумина сметале дека е луд што бара злато, таа го поддржувала неговото испитување на рудата. Наскоро нашол златна жила и парот станал многу богат.

Агата Кристи се омажила за млад археолог, тој бил 16 години помлад од неа. Тогаш, тоа било скандал од светски размери. Агата не била убава, но ни премногу млада, освен тоа била распуштеница, но на својот сопруг му донела среќа. Непознатиот археолог ја послушал Агата и копал на местото каде што таа го советувала – наскоро нашол древно кралство. Кога го нашол древниот град, станал познат и богат угледен научник.

А Џозефина, иако го изневерувала Наполеон, имала многу благотворно влијание врз неговата судбина, па тој многу лесно станал цар и го освоил пола свет. Кога се разделиле, среќата го напуштила Наполеон…

Па така, постојат жени кои му носат вистинска среќа на својот сопруг. Речиси сите големи луѓе имале таква жена покрај себе. Најважно е да ја најдете таквата жена и да се ожените со неа што е можно побрзо.

А потоа, можете да бидете сигурни дека ве очекува среќа и благосостојба. Но морате да копате таму каде што ќе ви каже!

Вака мажите манипулираат со молчење: Кога ќе завладее тишина, жената мора да постапи вака!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.