Многумина ја исмејуваат, но по ова ќе го сменат мислењето за неа: Како жена му на Пирс Броснан заработила толку пари?

Кили Шај Смит

Кили Шај Смит сега им даде на сите зли јазици за што да зборуваат

Кили Шај Смит последниве 20 години е во брак со еден од најзгодните актери во Холивуд. Тој со години беше Џејмс Бонд, а сега се дозна дека Пирс Броснан не е единствениот што носи пари дома.

Преслатката Кили има успешна кариера, а нејзината нето вредност изнесува неверојатни 100 милиони долари. Кога на тоа ќе се додадат и парите што ги заработил нејзиниот прекрасен сопруг, се добива сметка од неверојатни 300 милиони.

Сите се прашуваат како им успеало тоа.

Иако живее повлечен живот, Кили Шај Смит има многу успешна кариера, а покрај тоа што е новинарка и писателка, се има испробано и во глумата, манекенството и ТВ-водителството.

Била дописник за емисијата The Homes Show на Еј-Би-Си, а покажала и големо знаење за градинарството во Good Morning America. Покрај тоа, 59-годишната дама е дописничка и за Today и  Entertainment Tonight, што самото по себе е многу импресивно.

Како актерка се појавила во сапуницата General Hospital, како и во филмот The Opponent, но и во телевизискиот филм Norman’s Corner. Покрај тоа, во 2018 година го напишала и режирала документарецот Poisoning Paradise. Од 1995 до 1997 година била надворешен соработник за телевизиската серија „Нерешени мистерии“.

Благодарение на ова импресивно богатство, брачната двојка има купено многу интересни недвижнини ширум светот. Па така, во 1996 година Броснан купил куќа во Малибу за 600 илјади долари и ја продал за 2,6 милиони во 2012 година. Во 2000 година заедно купиле куќа на плажа во Малибу за непознат износ, ја срушиле и изградиле импресивна вила со неверојатен поглед на океанот.

Таа куќа ја изнајмуваат за време на летните месеци за дури 250 илјади долари месечно.

Во 2019 година купиле куќа во Санта Моника за 2,4 милиони долари, а поседуваат и комплекс со повеќе куќи на хавајскиот остров Кауаи, близу до плажата Анини, каде што соседи им се Бет Мидлер, Марк Закерберг и Бен Стилер, и каде што и самите го поминуваат поголемиот дел од годината.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.