Кај психолог: „Компјутерски“ татко

Ако детето ја нема неопходната жива комуникација со своите родители, тоа може да го одведе во виртуелната реалност.

„…Мажена сум и имам син, кој наскоро ќе наполни пет години. Проблемот е што татко му воопшто не се занимава со него. Доаѓа дома по работа и седнува на својот лаптоп или почнува да игра игри на својот ајфон. Тој го сака детето, но ваквото воспитување многу ме загрижува.

Синот уште сега е опседнат со гледање цртани филмови на таблет или на телевизор и невозможно е да го заинтересирате да учи букви. Покрај тоа, неговиот режим е нарушен: легнувањето пред полноќ сега е голем проблем. Многу сум загрижена затоа што за две години тргнува на училиште, а што гледа освен татко што гледа во своите гаџети“, пишува Оливера (31).

На прашањата на читателите одговара клиничкиот психолог Олег Сергеевич Дорофеев.

Вашите стравови се разбирливи, бидејќи на оваа возраст, моделот на родителско однесување е многу важен за детето. Ако вашиот син ја нема потребната комуникација во живо со својот татко, емоционалната повратна информација, тогаш навистина во иднина може да дојде до нарушување на однесувањето, како на пример одење во виртуелната реалност.

Освен тоа, цртаните филмови се нешто едноставно и забавно, па детето нема отпор кон тоа. Сега е важно да не губите време. Пред сѐ, разговарајте со вашиот сопруг. Секој ден нека посветува барем половина час од своето време на активности со синот. Сè што сака, освен телефони и таблети: редење коцки, мали поправки, расклопување стари непотребни работи, цртање, моделирање… Накратко: сè што ја развива фината моторика.

Важно е да се следи формулата „не мора долго, но секој ден“. Од ваша страна, неопходно е да го научите детето да се придржува до режимот. Да, во почетната фаза ќе биде непријателски расположено, но подоцна добро ќе се исплати тоа.

На пример, каков било електронски уред не повеќе од еден и пол час на ден и не пред спиење. Бидете креативни, играјте во живо со вашето дете (има многу описи на игри на интернет), можете да го вклучите во домашните работи.

Сите овие постапки раѓаат волја кај детето и дефинитивно ќе имаат позитивен ефект во иднина, додека виртуелната реалност доведува до намалување на доброволната активност.

Извор: Руски доктор

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.