Џенифер Анистон не сака да има присутен координатор за време на интимните секс сцени со Џон Хам!

Зошто на Џенифер и пречи ова?

Популарната актерка Џенифер Анистон отворено го изјасни своето мислење за жешката секс сцена со нејзиниот актер и пријател во сатиричната драма и зошто смета дека немало потреба од координатор за време на интимните сцени во серијата.

Со директорката на серијата Мими Ледер присутна на сцената, Анистон изјави дека се чувствува „заштитено“ и „никогаш не се чувствувала непријатно“. Нејзиното долгогодишно пријателство со Хам исто така бил голем фактор за нејзиното чувство на леснотија.

„Џон беше вистински џентлмен, секогаш – мислам со секое движење, на секое снимање, „Добро си?“, се сеќава таа. „Исто така беше многу кореографски смислена сцената. Тоа е убавината на Мими и нашиот прекрасен уредник, музиката и осветлувањето.”

Кога продуцентите ја прашале дали Анистон и Хам би сакале координатор за интимност на снимањето, актерката призна дека не знаела што значи тоа, и не и се допаѓала идејата.

„Кога некој ќе не праша дали сте добро“, а јас: „Ве молам, ова е доволно непријатно!“ Ние сме искусни – можеме да го сфатиме ова“. – истакна актерката.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.