Бекамови уживаат во вилата на село, но сега мора да градат подземен премин!

Тие се честа мета на крадци...

Фото: Getty Images

Викторија и Дејвид Бекам се почесто одмараат на имотот во Котсволд, отколку во Лондон, па не чуди што во него вложиле огромна сума на пари.

Имотот во Косволд го има шармот на стара Англија, односно со многу шума, а куќата е изградена во рустичен стил.

На Дејвид и Викторија друштво им прават нивните деца, а славниот фудбалер и познатата креаторка највеќе сакаат кога се сите заедно.

Фото: Инстаграм

Миленичката на целото семејство е десетгодишната Харпер. Таа тренира фудбал, па зелените терени покрај куќата добро и доаѓаат.

Фото: Инстаграм

Таа е неуморна, за разлика од браќата Ромео и Круз, кои најчесто се окупирани со некои свои тинејџерски маки.

Во луксузната вила, Бекамови до сега вложиле околу шест милиони фунти, а соседите велат дека тие имале уште планови.

Бидејќи неколку пати вилата им беше мета на крадци, неодамна ја заштитија со бодликава жица, а наскоро ќе биде ископан и подземен тунел кој ќе води од главната куќа до гаражата и на тој начин ќе обезбедат сигурен пролаз во случај на опасност – пренесува „The Sun“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.