Парис Хилтон се мажи, а гостите ќе банкротираат: Старлетата сака подароци во вредност од 50.000 долари за венчавката!

Веќе направила детален список

Таа веќе има подготвено листа на желби, гостите само треба да ги исполнат!

Иако многумина би помислиле дека една од најмоќните жени во светот на славните има сè што може да посака, изгледа дека сепак не е баш така. Без разлика што располага со енормно богатство, старлетата составила листа на подароци што сака да ги добие од гостите што ќе ги покани на својата венчавка, чиј датум се ближи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Сепак, и овие подароци ќе мораат да го задоволат нејзиниот истанчен вкус, па така на листата има подароци вредни повеќе од 50.000 евра. Помеѓу другото, на списокот има кристални предмети за домот, сребрена рамка за слики „Бучелати“, која вреди повеќе од 2.600 евра, потоа скапоцен свеќник во форма на светилка што чини околу 1.000 евра, како и кристална фигура од мечка, вредна повеќе од 3.000 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Богатата наследничка својата кујна сака да ја опреми и со послужавник од ореви вреден 800 евра, со кристален сад за кавијар кој чини 850 евра, како и со чаша за шампањ „Бакарат“, вредна повеќе од 800 евра.

На листата на Парис исто така се нашле и осум „Хермес“ комплети на садови Mosaique Au 24 Platinium, кои вкупно вредат повеќе од 6.000 евра!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paris Hilton (@parishilton)

Да се потсетиме, Парис Хилтон се мажи за претприемачот Кратер Реум, кој ја запросил во февруари оваа година по една година врска, а за време на свадбената прослава што ќе трае три дена, старлетата ќе се преслече дури десет пати.

„Тоа ќе биде како тридневна афера. Имам многу работи испланирано“, изјавила Парис.

Бајковита венчавка на ѕвездата од серијата „Емили во Париз“: Лили Колинс воодушевила во венчаница на Ралф Лорен!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.