Враќање на свилата и женственоста: Викторија Бекам во совршен комплет и со чанта од 3.200 евра во рака!

Погледнете

Познатата модна дизајнерка Викторија Бекам уживала во семејна вечера со сопругот Дејвид Бекам и ќерката Харпер во Лос Анџелес, а во таа пригода покажала уште една одлична комбинација, но и моден додаток што е вистински хит меѓу познатите и славните оваа есен

Викторија изгледала одлично во многу префинета свилена кратка маичка со тенки прерамки и соодветна „слип“ сукња. Модната комбинација во светли тонови ја зачинила со впечатливи модни додатоци во зелена боја – со класични салонки од брусена кожа и чанта што не можела да помине незабележано.

Друштво ѝ правеле сопругот Дејвид Бекам и ќерката Харпер, нивното најмало дете. Била фотографирана додека го напуштала ресторанот „Џорџо Балди“, многу популарно место во кругот на богатите и славните.

За време на вечерата, Викторија на својот инстаграм-профил објавила фотографија од Харпер и Дејвид и во описот напишала:

„Вечерно излегување со мама и тато. Те сакаме Харпер Севен“, па така убавиот семеен момент го споделила со своите 29 милиони следбеници.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)


За семејното излегување Викторија покажала уште еден впечатлив и многу елегантен стајлинг, што ги комбинира некои од најголемите трендови сезонава. Со женствена, свилена комбинација го потврдила модното враќање на „слип“ фустаните и здолништата, како и на сензуалните парчиња, како свилените топови со кои не се носи долна облека.

Меѓутоа, овој пат најголемо внимание привлекле модните додатоци што ги красела нијанса на јако зелена, хит-боја оваа сезона! Посебно се истакнувала зелената чанта „Ботега Венета“ која е хит и оваа сезона, а овој модел нашол место во плакарот на многу љубителки на модата.

Препознатливата прошиена чанта на познатата италијанска модна куќа „Ботега Венета“ ги живее своите златни денови на славата, на чело со креативниот гениј Даниел Ли, а славните дами и модните инфлуенсерки одбираат модели со или без златен синџир. Особено популарни се моделите во зелена боја.

Сличен впечатлив модел неодамна носеле Хејли Бибер и Софија Вергара. Токму за ваков модел треба да се издвојат околу 3.200 евра.

Со едноставниот облик и суптилни бои, чантата е минималистичка, но и посебна, благодарение на прошиениот дизајн, а покрај зелениот модел, Викторија неодамна понела и многу сличен модел во црна боја. Меѓутоа, очигледно е дека зелената ѝ е моментално омилена, па многу лесно ја комбинира во разни комбинации.

Како ви се допаѓа ова издание на Викторија Бекам?

Комбинацијата со која нè освои: Викторија Бекам со еден потег ги врати неон-боите во мода
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.